Политика на приватност

Заштитата на личните податоци е тема на која посветуваме особено внимание со цел нашите клиенти да се чувствуваат безбедно и со целосна доверба да ја користат нашата веб страна и услугите и производите кои ги нудиме.

Со секоја Ваша нарачка на наш производ, преку веб страната www.flix-cleaner.mk, изразувате согласност Контролорот Премиум Групација ДОО, Скопје, да изврши прибирање, чување, обработка и пренос на Вашите лични податоци и тоа: Име и презиме, телефон за контакт, адреса за достава и електронска пошта.

Контролорот ќе го врши прибирањето, чувањето, обработката и преносот на личните податоци на законски начин, согласно одредбите и начелата на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.40/20), заради остварување на следните цели: исполнување на договорна обврска – достава на нарачаниот производ, како и за идни маркетинг цели. Преносот на личните податоци може да се врши на сервери кои исполнуваат високи технички стандарди на безбедност и заштита на електронски системи и кои може да се наоѓаат на територија на Република Северна Македонија, како и во странски земји кои ги исполнуваат соодветните критериуми согласно закон и врз основа на одобрение на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, Контролорот има назначено Офицер за заштита на личните податоци. Ве известуваме дека Вие како субјект на личните податоци имате право да извршите увид во Вашите лични податоци, да побарате нивна измена, како и да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани од нашата база на податоци. Вашите права може да ги остварите со директен контакт со Контролорот на следната e-mail адреса shop@flex-cleaner.mk или контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци, Александар Мицковски на телефонски број 02/3179-129, како и на неговата електронска пошта mickovskipremium@yahoo.com.

Во случај на нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци, согласно член 38 од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот ќе Ве извести за состојбата и евентуалните прекршувања на Вашите права како субјект на лични податоци.
Контролорот ќе ги чува Вашите лични податоци 1(една) година од последната направена нарачка. Во случаи кога производот кој го имате нарачано односно купено, подлежи на гарантен рок подолг од 1(една) година, Контролорот ќе ги чува Вашите податоци за целото времетрање на гаранцијата, а заради остварување на Вашите законски права кои произлегуваат од гаранцијата.

Ве известуваме дека при процесот на електронско плаќање со картичка, Премиум Групација ДОО, Скопје, не добива пристап до податоците на Вашата картичка, а транскацијата се врши преку енкриптиран сервер на Стопанска Банка Скопје до кој единствено има пристап банката.

Контролорот постојано работи на подобрување на заштитата на личните податоци и ги следи светските трендови на сајбер безбедност, како и најновите важечки правни прописи од оваа област и истите ги имплементира. За остварување на заштитата на личните податоци, Контролорот соработува со Агенцијата за заштита на личните податоци, како и со сите релевантни институции и експертски лица од оваа област.
Ви благодариме на укажаната доверба и Ве очекуваме повторно!

Shopping cart
There are no products in the cart!
0